Прв Дигитален Саем за средно стручно образование

Околу 19.000 деветтоодделенци денеска и утре се очекува да бидат дел од Дигиталниот саем за средно стручно образование, кој за првпат се одржува во Северна Македонија.

Основна цел на настанот е учениците навремено да се информираат за она што го нудат средните училишта во земјава, можностите за стипендирање, наставните програми, практичната настава, но и кои се придобивките и предностите од средното стручно образование.

„Со Дигиталниот саем освен што се дава поддршка на учениците и нивните родители за изборот на професијата која е важна животна одлука, се поддржуваат и училиштата, но и домашните и странски компании кои на различни начини се директно вклучени во образовниот процес“, велат од Министерството за образование и наука.

Настанот може да се следи со скенирање на кодовите на насловната слика, или на следните линкови:
30 ноември – https://youtu.be/j6QX_j2ueX0
1 декември – https://youtu.be/NIlgWWJWFHo

На Саемот ќе се обрати министерката за образование и наука Мила Царовска.

Дигиталниот саем го организира проектот Образование за вработување во Северна Македонија и Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, со поддршка од Министерството за образование и наука и Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.