МОН ги објави предлог-наставните програми за второ и трето одделение

Министерството за образование и наука (МОН) информираше дека завршила ревизијата на наставните планови и програми и ги стави на увид на јавноста новите наставни планови и програми за второ и трето одделение.

Од МОН бараат и очекуваат од наставниците од одделенската настава, како и сите компетентни и заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои критики, коментари и предлози за подобрување на новите наставни програми.

Наставните планови и програми за второ и трето одделение на македонски, албански, турски и српски јазик се достапни на следниов ЛИНК.

Од МОН посочуваат дека сите коментари и предлози ги очекуваат на и-мејл адресата npp@mon.gov.mk, или преку достава до архивата на Министерството за образование и наука (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54).