МОН: Денес започнува исплатата на студентски стипендии и субвенциониран оброк

Од Министерството за образование и наука (МОН) соопштуваат дека од денес започнува исплатата на студентски стипендии и субвенциониран оброк.

Од таму велат дека 3415 студенти ќе добијат средства за четири месеци, односно ќе бидат исплатени стипендиите за октомври, ноември декември 2022 година и јануари 2023 година.

„Корисниците на правото за субвенциониран студентски оброк, односно 28986 студенти, исто така во текот на идната недела ќе добијат средства за минатиот месец, односно за декември 2022 година“, дополнуваат од МОН.