„Мобил фестивал“ утре во Кинотека

Во Кинотеката на Македонија утре (6 декември) со почеток од 17 часот часот ќе се одржи финалната вечер на Фестивалот за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“, кој го организира продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и Медиа“ од Битола.

Ќе бидат прикажани победничките филмови што пристигнаа на повикот за учество на фестивалот за снимање краток филм со мобилен телефон. Повикот беше отворен од јули, а пристигнаа  над 1000 филмови од автори од светот, информира организаторот.

Најдобриот филм што ќе го избере тричлено жири ќе ја добие наградата „Ратка Илиева – Лале“, а ќе бидат доделени и награди за најоригинална идеја и најиновативен филм. Најсреќните десетмина во публиката ќе добијат награда, бесплатни влезници за кино, за публиката ќе има и други награди и изненадувања.

Годинашниот „Мобил фестивал“ се одржува под слоганот „Keep it rolling.“