Младите како иницијатори на дискусија за ментално здравје

Поттикнати од потребата да се направи промена и да се охрабрат младите да дискутираат отворено и слободно за своите предизвици, група од девет ученици од СУГС Гимназија „Никола Карев“ во сабота (11 мај) организираат целодневен настан посветен на менталното здравје.

 „Тука сме, заедно сме!” е младинска иницијатива и е дел од проектот „Вклучи се за промена!”, кој што се спроведува од страна на Здружение Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD), со поддршка од Агенција за млади и спорт. Иницијативата „Тука сме, заедно сме!” има цел отпочнување на дискусии и информирање на младите за потребата од ментално здравје и емоционална интелегенција. Настанот во сабота ќе има повеќе креативни делови како дискусија со стручно лице (психолог), лично изразување на чувствата и креативна работилница за остварување на целта.

Настанот во целост можете да го пронајдете на следниот ЛИНК, каде може да се аплицирате за учество на настанот со пополнување на формуларот поставен во описот. Пријавувањето е отворено до 9.5.2019 г. (четврток), преку кое што ќе бидат селектирани 40 учесници.

Во контекст со иницијативата, младите активисти започнаа хештаг #ментализирајсе. Со ова, сите млади можат да ја изразат својата поддршка кон иницијативата преку објавување фотографии на социјалните мрежи на кои е напишан хештегот.