Младинска Еко-школа за енергиja

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје, организира Еко-школа за енергија која ќе се одржи од 20 април до 8 јуни 2016 година, во Дом на градежниците, Скопје.

Школата ќе се состои од 6 предавања, организирани во 6 последователни недели. Темите што ќе бидат опфатени се: основи на енергетиката, необновливи извори на енергија (фосилни горива, термоелектрични централи), хидроенергија, нови обновливи извори, енергетска ефикасност, климатски промени. Предавањата се комбинирани со теренска настава. На часовите ќе предаваат стручни и релевантни предавачи кои работат на соодветната проблематика (доктори на науки, енергетски контролори, претставници од бизнис секторот, активисти за животна средина, истражувачи).

Школата има цел да ги информира младите (на возраст од 18 до 22 години) заинтересирани за енергетски прашања за влијанието на енергетиката врз животната средина и природата, како и здравјето и благосостојбата на луѓето. Истовремено, школата има цел да ги инспирира младите да размислуваат за одржливото користење и производство на енергија, како и за можностите за промена и подобрување на состојбите во енергетскиот сектор во Македонија, особено гледани низ призмата на животната средина.

Како дел од Еко-школата, сите учесници ќе имаат задача да пренесат дел од знаењето стекнато во рамки на Еко-школата за енергија на своите колеги и/или пријатели во форма на предавање, дискусија, дебатно кино, проекција на филм, креативна работилница или друга форма, после што ќе се стекнат со сертификат.

Оваа школа е овозможена преку проектот “Мрежи на граѓански организации за одржливо искористување на енергетските и природните ресурси во Западен Балкан и Турција – ЕТНАР”, финансиски поддржан од Европската Унија.

Предавањата ќе се одржуваат во Домот на градежници во Скопје, почнувајќи од 20 април 2016 г. и секоја наредна среда во текот на 6 недели, во периодот од 17:00 до 19:00 часот. Теренските посети ќе бидат договорени во текот на одржувањето на школата.

Рок за аплицирање: Пријавите за аплицирање, кои можат да се најдат на http://ekosvest.com.mk/mk/vest.php?id=88, треба да се достават најдоцна до 10.04.2016 година на електронската пошта: info@ekosvest.com.mk

Само избраните кандидати/ки ќе бидат контактирани со понатамошни информации за одржување на школата при што ќе им биде доставена детална програма.