Mлади од Македонија, Србија и Албанија се сретнаа со Пендаровски во рамки на Програмата за истражување на младински и образовни политики

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата, младите од Албанија, Србија и од Македонија, говореа за активностите и областите во кои ги насочуваат нивните капацитети, во рамки на програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти.

Младите го информирале претседателот и за начинот на реализирање на програмата која се одвива во трите држави и опфаќа 5 различни теми: регионална соработка, младинско учество, одлив на мозоци и образование, младинска невработеност и младинска акција кон двојната транзиција: дигитална и зелена.

Како што информираат од претседателскиот кабинет, Пендаровски го нагласил придонесот на младите, со своето критичко размислување, како еден од клучните предуслови за демократизација и позитивни процеси во секое општество.