„МКЦ за Скопје“ на 26 јули ќе ја одбележи 53. годишнина од катастрофалниот земјотрес

На 26 јули (вторник), со настанот „МКЦ за Скопје“ ќе се одбележи 53-та годишнина од скопскиот катастрофален земјотрес. Организаторите ќе ја соединат уметноста и музиката, со цел да оддадат почит кон трагичниот настан, но и да потсетат на како што велат, солидарноста која ги споила граѓаните тој ден.

Настанот ќе започне во 20 часот, кога ќе се отвори и изложба на хрватскиот фотограф Бошко Фржоп, насловена „Скопје 1963“ – Хроника на една катастрофа“.

Потоа, следува проекција на пет кратки филма на скопските режисери Игор Иванов, Вардан Тозија, Даријан Пејовски, Ѓорче Ставрески и Марко Ѓоковиќ.

За крај на вечерта, концертен настап ќе имаат групите SIZ, Stuttgart Online и YÖU. Влезот за настанот е бесплатен.