Мисијата на еден човек да ги заштити реките во Ирак за идните генерации

Веќе седум години Набил Муса патува – честопати на даска за веслање или гумен чамец – низ курдистанскиот регион на Ирак со мисија да ја промовира важноста на чистите водни патишта за сегашните и идните генерации, пишува магазинот Ensia.com, а пренесува Global voices.

Во документарецот на Емили Кински го гледаме Муса како објаснува за неговата поврзаност со реките во регионот и ефектот на загадувањето врз неговата заедница. „Навистина сакав да направам нешто за реката која ја изгубивме кога бев дете“, вели Муса.

Експертите ширум земјата стравуваат дека децениите исполнети со војни, загадување, небележан развој и градење брани ќе доведат до неизбежна криза за вода во Ирак.

Муса е дел од невладината организација Водочувари Ирак (Waterkeepers Iraq) – невладина организација сестра на Алијансата на водочувари (Waterkeeper Alliance) – која застапува и работи „за да ги заштити реките, потоците и водните патишта на Ирак и да ги поддржи локалните заедници во одржливото користење на овие природни ресурси“.

Кон крајот на видеото, Муса заклучува дека итноста е најважниот дел од неговата работа и прашува „Како ќе преживееме ако ја немаме водава?“