МИОА со нова интернет-страница попристапна за лицата со попреченост

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) соопшти дека од денеска ќе употребува нова веб страна која ќе овозможи подобар пристап на граѓаните до сите информации поврзани со работата на министерството, низ поголема транспарентност и отвореност.

Од МИОА посочуваат дека покрај подобрувањето на визуелниот изглед и лесниот пристап до податоци, новината со новата веб-страна е и исполнување на дел од стандардите за пристап до информации на лицата со попреченост.

„За целосен пристап до сите информации објавени на веб страната за лицата со посебни потреби, во тек е имплементација и на останатите меѓународно прифатени стандарди за пристап за лица со попреченост“, соопштија од МИОА.

Содржините на новата веб страна на МИОА се преведени и на албански јазик, и паралелно сите содржини ќе се објавуваат и на македонски и на албански јазик.