Минатата година со ветрот и сонцето создадени рекордни 22% од електричната енергија во ЕУ

Ветерот и соларната енергија произведоа повеќе од електричната енергија на Европската Унија (ЕУ) отколку фосилните горива за прв пат минатата година, јавува Евроњуз.

Обновливите извори на енергија беа одговорни за рекордна петтина – 22% oд електричната енергија во блокот, покажува новиот извештај на тинк-тенк организацијата за чиста енергија „Ембер“.

Преку турбуленциите во 2022 година, од прекин на врските со Русија до суша предизвикана од климата и зголемени цени на гасот, транзицијата на чиста енергија во Европа продолжи.

„Европа го избегна најлошото од енергетската криза. Шоковите од 2022 година предизвикаа само мало бранување за енергијата од јаглен и огромен бран поддршка за обновливите извори на енергија. Секој страв од враќање на јагленот сега е мртов“, вели Дејв Џонс од „Ембер“.