Градското собрание на Милано на 14 јули одлучи ги забрани селфи стапчињата, стаклените шишиња за храна и камионите од кои се купува улична храна. Целта на новите правила е да се намалат расфрлањето на отпад и анти-социјалното однесување, јавуваат локалните медиуми.
Туристите, но и граѓаните не смеат да „држат, носат, оставаат на земјата, фрлаат или примаат било каков вид на стаклени шишиња или тегли, лименки и селфи стапови“, во областа помеѓу Пјаца XXIV Маџо, авенијата Горициа, Виа Кодара, плоштадот Канторе и авенијата Габриеле д’Ануцио. Петардите и огнометите се исто така забранети.
Под напад се и камионите кои продаваат храна – новата регулатива ги забранува сите видови на „подвижна стока“ во јавните области.
Законите ќе траат до 13 август, со можност да се продолжат доколку е потребно.
„Целта на ова правило е да направиме да стане навика да не се носат стаклени шишиња или лименки во областа“, вели Кармела Роца, советник за безбедност на градот.
Милан ги следи чекорите на поголем број италијански градови, кои воведоа посериозни правила против анти-социјалното однесување на туристите.
Фиренца во мај најави дека скалите на црквите ќе се мијат попладнето, за туристите да не можат да јадат и пијат околу најиконичните места на градот.
„Ако туристите сакаат да седат овде, ќе се намократ“, изјави градоначалникот на Фиренца, Дарио Нарела.
Во меѓувреме, Рим го забрани пиењето алкохол ноќе на јавни места до 31 октомври. „Од менито“ е тргнато и пиењето и јадењето околу фонтаните. Околу 40 фонтани кои се сметаат за објекти со особена културна вредност, се заштитени со овој закон.