Медицински канабис од средината на мај во хрватските аптеки

Медицински канабис или лекови кои се базирани на индиски коноп, во хрватските аптеки ќе бидат достапни од средината на мај, потврди Министерството за здравство.

Пациентите сами ќе ја плаќаат подготовката, која нема да биде на листата на Хрватскиот завод за здравствено осигурување. Цената ќе се движи меѓу 1 500 (200 евра) и 2 000 куни (267 евра) , а ќе се увезуваат од Канада. Ќе бидат достапни во две големини, исклучиво во аптеките.

Станува збор за лек што ќе им помогне на многу сериозно болни пациенти во ублажување на симптомите на болеста. Во октомври се усвои уредба со која се дефинираше на кои пациенти ќе им се препишува.

Вклучени се и оние кои страдаат од мултиплекс склероза, рак, епилепсија и СИДА, а рецептот го препишува лекар. Третманот може да трае до 30 дена, а вкупниот износ на пропишан THC не надминува 7,5 грама.