Машките извидници на Америка ќе дозволуваат членство и на трансродови момчиња

Трансродовите деца кои се идентификуваат како машки отсега натаму ќе смеат да се приклучат кон Машките извидници на Америка.

Организацијата, која е основана во 1910 година, претходно дозволуваше членство само на деца кои се регистрирани како машки на нивниот извод од книга на родените.

Промената во правилата доаѓа откако трансродово осумгодишно момче било натерано да ги напушти извидниците минатата година во Њу Џерси.

Но, од организацијата велат дека решиле да направат промена бидејќи за родовиот идентитет се дискутира на национално ниво.

Машките извидници, кои се една од најголемите организации во САД, изјавија: „Повеќе од 100 години, Машките извидници на Америка, заедно со училиштата, младинските спортови и другите младински организации, се водеа според изводот од матично на своите членови за да одреди погодност за членство во нашите програми, кои важеа за само еден род.

Сепак, тој пристап не е веќе доволен, бидејќи заедниците и државните закони го интерпретираат родовиот идентитет поразлично, а овие закони се прошируваат од држава на држава“.

Потегот, кој стапува на сила веднаш, е добредојден за Зак Волс, коосновач на групата Извидници за еднаквост, кој вели дека е горд на организацијата што ја прави вистинската работа.

Но, Кирсти Малдонадо, која јавно го раскажа случајот на нејзиниот син Џо откако бил избркан од неговата извидничка група бидејќи е транс, вели дека ја примила новоста со иззмешани чувства.

„Голема промена е за сите што сега се прифатени. Многу ми е мило што конечно го направија ова, но се уште сум лута“, изјавила.

Машките извидници на Америка ја укинаа забраната за членство за геј момчиња во 2013, а две години подоцна беше укината и забраната за геј лидери на групи.

Речиси во сите земји во светот, извидничките клубови немаат преференца во однос на род и пол, односно важат за сите.