Македонскиот легендарен рок бенд Архангел го потврди својот настап на Д Фестивал во Дојран, кој се одржува од 14-ти до 16-ти јули во Дојран.
Со своите безвременски хитови Архангел, како никој друг, постигна култен статус не само во Македонија, туку и низ цела поранешна Југославија.
Групата оформена во 1989 година од страна на Ристо Вртев, во својата кариера има издадено четири албуми: „Архангел 1“ (1991), „Архангел 2“ (1993), „Heart Core“ (1998) и „Небесна машина“ (2003).
Со денес култните песни од овие албуми, Архангел се смета за една од најдобрите групи во Македонија во деведесеттите години на минатиот век, која безмалку цели три децении убедливо стои на врвот од најпочитуваните музички имиња во земјава.
Покрај АРХАНГЕЛ, својот настап на Д Фестивал досега го потврдија и Рудиментал, Рони Сајз, Кирил Џајковски, Куп Оскар Оркестра, Синистер, С.А.Р.С, Да Џака Накот, Стринг Форсес, Агоритмиа, Проџект Ракија, Трап да фак ап и многу други.
Во моментов сѐ уште трае продажбата на најповолните „Ран корморан“ билети кои за неверојатна цена од само 600 денари на посетителите им овозможуваат пристап до сите фестивалски стејџови и бесплатен камп за трите дена на Д Фестивал 2017.
Овие all-inclusive влезници се достапни преку продажната мрежа на МкТикетс, а за полесно и побрзо купување, од оваа година билетите може да се набават и преку мобилната апликација на karti.com.mk.