Македонија одново ја понуди еврообврзницата со камата од 5%

Македонија повторно ја понуди седумгодишната еврообврзница со камата од пет отсто, објави Ројтерс.

Договорот за тргување со еврообврзницата, чија максимална вредност е 650 милиони евра, беше одложен минатата недела, откако член на Социјал – демократскиот сојуз испрати писмо до претставниците на Сити, Дојче банк, Ерсте банк и Сосиете женерал, кои требаше да тргуваат со неа. Писмото имаше за цел да го постави прашањето дали државата има соодветна правна основа за да ја издаде еврообврзницата.

Обврзницата и тогаш беше понудена на светските берзи со камата од пет отсто.

Претходно, Кире Наумов, кој всушност е авторот на писмото и пратеник во СДСМ, нагласи дека процесот на издавање на еврообврзницата е одложен, но не и прекинат.