Мајкрософт ќе отпушти 1.900 работници од два оддели за видео игри

Мајкрософт ќе отпушти 1.900 луѓе од своите оддели за видео игри, вклучувајќи го и „Activision Blizzard“, кој го купи за 69 милијарди долари, пренесува „Блумберг Адрија“.

Во мејл кој бил испратен до вработените, а во кои „Блумберг“ имал увид, шефот за одделот за видео игри на Мајкрософт Фил Спенсер навел дека отпуштањата претставуваат околу 8 отсто од 22.000 вработените на Мајкрософт во тој сектор.

Веста првично ја објави Д Верџ. Во меѓувреме, и други компании за видео игри, вклучително и „Riot Games“, исто така се одлучија за масовни отпуштања.

„Заедно поставивме приоритети, идентификувавме области на преклопување и осигуравме дека сите сме усогласени со најдобрите можности за раст“, ​​напиша Спенсер.

Отпуштањата доаѓаат само три месеци откако Мајкрософт го финализираше купувањето на „Activision Blizzard“. Во мејл до вработените, шефот на „Activision Publishing“ Роб Костич, напиша дека отпуштањата се направени „за да се ресетираат и да се усогласат ресурсите за иднината“.