„Локомотива“: #АрхиваНаРефлексии – каде сме сега и каде одиме

Почнувајќи од денес, Локомотива – Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата, ќе споделува по едно видео интервју со личности од културната сфера секој работен ден се до 10 јуни.

Целта е да се создаде архива на размислувањa за сегашните и претстојните социо-политички и економски влијанија врз уметноста и културата во општествата кои имаат многу кревки услови за работа на културните работници и уметници, како и во општествата со поорганизиран систем на поддршка на културната продукција.

Програмски уредници на #АрхиваНаРефлексии се Биљана Тануровска Ќулавковски и Виолета Качакова, додека координаторка е Зорица Зафировска.

“Поканивме наши колеги – културни работници, уметници, критичари, активисти на граѓанското општество – да предложат, шпекулираат, критикуваат – односно да промислат и рефлектираат – на прашања кои се однесуваат на културата на солидарност, создавање и ширење на знаењата во овие времиња, нови модели на поддршка на современа продукција, и мерките за надминување на несигурната прекаријатната позиција на уметниците и културните работници. Ние мислиме дека оваа архива на рефлексии е обид за создавање нов јавен простор, бидејќи веќе постоечкиот е одземен од вирусот“, пишуваат од Локомотива.

Меѓу интервјуираните културни работници се Деа Видовиќ, Звонимир Добровиќ, Ивана Васева, Ивана Драгшиќ, Јанез Јанша, Јасмина Василева, Јордан Шишовски, Кирстен Маар, Кумјана Новакова и Цвета Андреева.

Интервјуата ќе бидат достапни на Јутјуб каналот на „Локомотива“, како и на социјалните мрежи.