LG произведе водоотпорни звучници кои левитираат

LG штотуку го најави уредот PJ9, или LPS( Levitating Portable Speaker – Левитирачки пренослив звучник).

Се работи за безжичен звучник кој се движи во 360 степени и во сите насоки, а „лета“ над адаптерот на кој се полни. Звучникот насочува звук во сите насоки, а има и „sub-woofer“ вграден за да произведува и ниски и длабоки тонови.

Освен тоа, PJ9  има и неколку други „трикови“ – кога неговата 10-часовна батерија е при крај, автоматски се спушта на станицата и се полни безжично, без да ја прекине музиката.

Освен тоа е и водоотпорен, а може да се поврзе и на два Блутут уреди симултано.

Иако PJ9 не е првиот левитирачки звучник, но ова е прв пат ваков уред да биде пуштен во продажба од голема компанија како LG.