LG го напушта пазарот на мобилни телефони

Електронскиот гигант официјално се повлекува од пазарот на мобилни телефони, пренесува Б92.

Компанијата преку соопштение наведе дека: „LG ќе продолжи да ја користи својата експертиза за мобилни телефони и да развива технологии поврзани со мобилноста, како што е 6G, за да помогне во понатамошно зајакнување на конкурентноста во други деловни области“.

Од LG информираат дека телефоните кои во моментов се на продажба и понатаму ќе бидат достапни за купување и дека постоечките уреди ќе продолжат да добиваат поддршка по продажбата и ажурирање на софтверот „за одреден временски период што ќе се разликува по региони“.

Компанијата очекува дека ликвидацијата на нејзиниот мобилен бизнис ќе заврши до крајот на јули, иако забележува дека некои телефони на LG ќе можат да се продаваат и по тој датум.

И покрај заложбите, новите уреди LG Velvet и Wing не успеаја да ги придобијат симпатиите на јавноста и да бидат продадени во поголеми количини. Засега доминантни играчи на овој пазар се Apple и Samsung.