Креативна работилница за деца – „Кралот што имаше од сѐ по многу“

Издавачката куќа Сказнувалка организира интерактивна работилница за деца со книгата „Кралот што имаше од сѐ по многу“ од грчката авторка за деца Марија Папајани.

Интерактивната работилница ќе ја водат Искра Димковска, Владимир Лукаш, Живко Грозданоски и Софија Григориду.

„Со малку поинаков пристап, преведувачката Софија Григориду ќе ја прочита сликовницата на грчки јазик, додека Живко Грозданоски ќе ги презентира илустрациите. Слушајќи непознат јазик, децата ќе развијат љубопитност и креативност за приказна што не им е целосно позната. Со оваа друштвена игра, децата ќе бидат стимулирани да ја користат имагинацијата, да ги подобрат читателските навики и усното изразување“, се вели во најавата.

Работилницата е наменета за деца од 6+ години. Задолжително е пријавување на следниот формулар.

Книгата „Кралот што имаше од сѐ по многу“ е номинирана за наградата Ханс Кристијан Андерсен.

„Кралот што имаше од сѐ по многу“ е дел од проектот „Да ти ја раскажам мојата приказна: протек на европски книжевни дела за млади“ што се спроведува во рамки на програмата „Креативна Европа“.