Издавачката куќа Феникс распиша Kонкурс за деца – поети

Издавачката куќа Феникс, по повод Меѓународниот ден на литературата за деца, во рамките на Пролетниот саем на книги, распишува Конкурс за најдобри песни од деца – поети.

Темата е слободна, а секое дете треба да испрати три свои творби, од кои ќе биде избрана по една најдобра творба од секое дете. Песните треба да бидат потпишани со името и презимето на детето, возраста и населеното место.

Конкурсот е отворен до 17 април 2021 година. Потоа, жири комисијата ќе изврши селекција на најдобрите творби, кои ќе бидат објавени во посебно издание.

Песните треба да се испраќаат на следниов мејл: junior@feniks.net.mk.