Креативен предизвик за студенти – „Мојата оптимистична порака“

Europe House Skopje во соработка со Creative Talks организираат креативен предизвик наменет за студенти.

Потребно е учесниците да направат креативно дело на тема „Мојата оптимистична порака“ како форма на позитивна инспирација во борбата против Ковид-19 и да се испрати на euinfo@euhouse.mk

,,Форматот на делата нема ограничувања – направи твој дизајн, фотографија, песна, видео… Изборот го оставаме на тебе”, стои во предизвикот.

Единствените услови за учество се: учесниците да се студенти на еден од Универзитетите на територијата на земјава или некоја од академиите на Brainster. Потоа, делото да е авторско и да не е копија на постоечко дело. Покрај ова, делото во моментот на испраќање да не е постаро од денот на
објавување на повикот (20.04.2020).

Жирито со претставници од Europe House Skopje, Creative Talks и Академијата за дизајн на Brainster
ќе направи потесен избор oд 20 дела, од кои потоа со гласање на публиката ќе бидат одбрани најдобрите.

За најдобрите тројца следуваат парични надоместоци во бруто износ од:

1 место: 350 евра
2 место: 200 евра
3 место: 150 евра

За дваесетте финалисти ќе биде организирана изложба во просториите на Europe House Skopje по завршувањето на рестрикциите поради Ковис-19. Тројцата добитници ќе бидат објавени на Фејсбук профилот на Europe House Skopje на 01.06.2020.

Пријавувањето трае од 20.04.2020 до 15.05.2020.

*Максималната тежина на фајлови испратени во форма на атачмент е 15 MB. Сите фајлови поголеми од 15MB е
потребно да се испратат прикачени на Google Drive или друга платформа за испраќање на фајлови (wetransfer, sendspace
и сл.)

Конкурсот е поддржан од Делегацијата на Европската Унија.