Контра кадар СК: проекција на „Ричард III“ и дискусија со британскиот амбасадор Чарлс Гарет

Оваа година се одбележуваат 400 години од смртта на Шекспир. По тој повод, Контра кадар Скопје ќе има проекција на филмот „Ричард III“ во режија на Ричард Лонкрејн со Иан МекКелен во главна улога.

Шекспир останува убедливо релевантен и актуелен и 400 години по смртта, а голем дел од темите и дилемите што ги загатнувал и обработувал во своите драми продолжуваат да не’ мачат. Гостин ќе биде британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, со кого ќе се дискутира на теми од глобално, локално, политичко и лично значење.

Ричард III е една од најизведуваните историски драми на Шекспир, прва што го најавува раскошниот лингвистички талент на Шекспир, а се наведува и како дирекна инспирација за некои од критички најпризнатите продукти на поп-културата, како ТВ-серијата „Куќа од карти“. Самиот Ричард останува еден од најпривлечните негативци и на штиците што живот значат и на големото платно, и е предизвик за некои од најетаблираните современи актери како Ал Пачино, Кевин Спејси и Иан МекКелен кого ќе го гледаме во оваа екранизација.