Контра кадар Битола: проекција на „Смрт во Венеција“ и дискусија со проф. д-р Александар Прокопиев

Контра кадар Битола во соработка со Филозофскиот филмски фестивал во Скопје ја организираат проекцијата на филмот „Смрт во Венеција“, по истоимената новела на Томас Ман.

Густав е композитор, којшто патува во Венеција поради здравствени причини. Наскоро станува опседнат со Таџио – згоден адолесцент од Полска, кој престојува со неговата фамилија во истиот хотел каде што е сместен Густав.

Гостин на проекцијата е проф. д-р Александар Прокопиев.

По проекцијата, Прокопиев ќе има излагање и ќе направи пресек помеѓу филозофија-литература-филм низ ова класично дело на филмската историја со излагањето на тема: „Смрт во Венеција“ – од Ман до Висконти.

Проекцијата ќе се одржи во Малата сала од Домот на културата, со почеток во 20 часот.

Влезот е бесплатен.