Конкурс за најдобра необјавена поетска книга „Караманов 2018″

Советот на „45. Караманови средби“ го распиша конкурсот за најдобра необјавена поетска книга и доделување на наградата „Караманов 2018″.

Конкурсот трае до 30 октомври 2018 година, а може да учествуваат автори од Македонија и од останатите балкански земји што пишуваат на македонски јазик.

Ракописите не треба да бидат подолги од 64 страници или четири табаци, а се бара да бидат доставени под шифра на адреса „Совет на 45. Караманови средби – ОУ Центар за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш, ул. „22 Октомври“ б.б.Радовиш.