Конкурс за филмска критика во рамки на „Синедејс“

Фестивалот на европскиот филм „Cинедејс“ објави конкурс за филмска критика.

Конкурсот е од отворен карактер, а пред сè е наменет нa оние што би сакале да го прикажат својот неоткриен потенцијал и талент за пишување во овој специфичен новинарски израз, а се на возраст до 35 години.

Текстовите не треба да се подолги од една страница, односно повеќе од 70-тина реда, а секој од пријавените може да испрати максимум до три текста.

Наградите за трите најдобри филмски критики ќе ја додели тричлено жири. Авторот на првонаградената критика ќе добие 12.000 денари, на второнаградената 9.000 денари, а на третонаградената 6.000 денари.

Конкурсот важи само за филмовите во натпреварувачките програми на фестивалот – Официјалната селекција и селекцијата CineBalkan. Текстовите може да се испратат на електронска пошта на contact@cinedays.com.mk, најдоцна до 11 ноември.

Фестивалот годинава ќе се одржува од 10-19 ноември.