Конкурс за „Д фестивал“ 2018: Редефинирај го ПлоштАрт

Оваа година Д Фестивал се води под мотото „Wonder in Wonderland“. Целта на „Wonder in Wonderland“ конкурсот е да се инволвира поголема маса на креативци кои би се обединиле за да го дизајнираат и менуваат просторот.

„Придружете ни се да креираме атмосфера која е водена од нашиот слоган, а реализирана од вашата имагинација преку креирање уметнички инсталации или павиљион. Матријалите за изработка на проектот ќе бидат обезбедени од страна на Д-Фестивал. Победничкиот тим ќе има на располагање реупотребливи матријали од дрво, пластика, гума, текстил и слично. Ова е конкурс од натпреварувачки карактер каде прво награденото решение покрај наградата од организаторите ќе добие можност за реализација. Посебно важна и вреднувана ќе биде инволвираноста на победничкиот проект во самата подготовка и реализација на својот проект“, се вели во повикот. 

КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ

  • Соодветно решение на мотото на конкурсот

  • Проектот мора да се размислува исклучиво во ПлоштАрт зоната

  • Инсталација создадена од заедницата за доброто на таа заедница, а инволвираност во процесот на изведба од страна на апликантите ќе биде особено битна и вреднувана

  • Иновативност во избор и употреба на матријали (реупотребливи материјали)

  • Односот кон природата

  • Инсталацијата треба да нуди доживување

  • Медуимот за презентација на проектот треба јасно да комуницира со идејата

Клучни проблеми кои го опишуваат конкурсот:

  • Однос со и кон околината
  • Способност да ја презентира идејата на фестивалот со мото „Wonder in Wonderland“
  • Флексибилност и адаптибилност на дизајнот и околината
  • Иновативност во избор и употреба на реупотребливи матријали
  • Креирање на атмосфера, повеќе од дизајн
  • Степен на реализација

Инструкции за аплицирање:

Рок за аплицирање: 1 јуни
Информативен состанок со сите учесници: 21 мај
Објавување на селектираните: 4 јуни
Прв собир со работната група: 6 јуни

  1. Наведете го името на вашиот тим и бројот на вклучени учесници.
  2. Текстуален опис на проектот со максимално две страни А4 формат.
  3. Графичкиот дел од проектот нема ограничување во начинот на презентација, но важно е идејата да биде разбирлива за секаков тип на професија.

Графичкиот приказ на проектот треба да биде:

  1. Еден постер со димензии на А0 формат
  2. Постерот да биде во JPG фајл RGB;
  3. JPG фајлот не треба да биде поголем од 10 МВ;
  4. Во горен десен агол да се напише регистрациска шифра која ќе преставува форма на идентификација;
  5. Бројот на членови не е ограничен, но напомена дека бројот на награди е ограничен.

Информативен состанок:

По пратениот маил со потребните информации сите учесници ќе бидат информирани за локацијата и времето на информативен состанок од страна на организаторот. Овој состанок е наменет за доближување на апликантите до организаторите на конкурсот. На овој состанок ќе бидат презентирани референтни примери од различни фестивали и настани од ваков тип.

Сите заинтересирани учесници да се пријават на мејл: skopjeshapers@gmail.com / gorjana@password.mk

НАГРАДИ

Предвидени се два типа на награди, односно награда доделена од комисијата и дополнителни награди кои ќе бидат доделени врз база на рангираните проекти од посетителите на фестивалот. Првонаградениот проект ќе биде изведен за потребите на овогодинешниот Д-Фестивал, а воедно ќе добиe влезници за „EXIT FESTIVALСите останати проекти ќе бидат изложени за време на фестивалот и ќе се овозможи нивно рангирање од страна на посетителите на фестивалот. Два од овие изложени проекти со најголем број на собрани поени ќе бидат наградени со билети за „SEA DANCE FESTIVAL“Останатите учесници ќе добијат гратис влезници за фестивали и концерти во Македонија во организација на Пасворд Продукција.