Концерт со удирачки инструменти на Сара Симоновска на „Скопско лето“  

Во склоп на „Скопско лето“, вечерва од 21 часот ќе се одржи концертот  на Сара Симоновска на удирачки инструменти – „Тапанот се слуша надалеку“.

Концертот ќе се одржи на фоајето на Македонската опера и балет.

„По постапките на својот татко, Сара започнува да свири тапани уште на четири годишна возраст. Средно музичко образование за ударни инструменти започнува во ‘Илија Николовски-Луј’, но по само три години таа добива целосна стипендија од Interlochen Arts Academy во Michigan, USA  каде што и матурира со највисок просек. Истата година 2014, Сара се запишува  на студии во Jacksonville University во Florida и повторно добива стипендија“, информираат од „Скопско лето“.