Концерт на „4ЕСДЕНА“ и „Dead Man’s Hat“ во МКЦ

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) на 12 март од 21 часот ќе се одржи концертна промоција на албумот „И ноќи“ на триото 4ЕСДЕНА како последен терминал на блиску 170 часа импровизаторски сесии, снимени на повеќе локации во Скопје во текот на годините од 2009 до 2021.

„‘4ЕСДЕНА’ го сочинуваат Јоана Ристеска – 80Hz > 1200Hz, Венцислав Смаќоски – 50Hz > 250Hz и Саша Павловиќ – 40Hz > 400Hz. Албумот „И ноќи“ ќе биде издаден како USB flash издание на 12-ти март. Концертот во салата Фросина е посветен на Ха́рків“, се вели во најавата на настанот.

Исто така, вечерта настапува и „Dead Man’s Hat“, инди/дрим поп/алтернативен фолк рок бенд од Софија, Бугарија, предводен од пејачката Ража ел Мадхун и челистката Илијана Георгиева. Во 2019 година го издаваат својот деби албум „Emotional Shortcut“, продуциран од главните членови на бендот како и од Бугарското национално радио.

„Албумот беше емитуван во повеќе од 50 земји во светот. Нивниот деби сингл ‘After Midnight’ бргу ги освои бугарските топ листи искачувајќи се меѓу првите на “Bulgaria’s Top 40” листата водена од Бугарското национално радио а нивниот втор сингл ‘Little Cars’ се најде меѓу првите на ‘Top 20’ листата. Dead Man’s Hat настапуваат на многу локални фестивали како Kapana Festival, Sofia Breathes Fest, Sofia Film Fest, One Design Week. Во 2018 година, Dead Man’s Hat настапуваат како предгрупа на познатиот бенд Ostava во заедничка турнеја, отворајќи за нивните концерти во Холандија и Германија. Верувале или не, нивната музика го импресионираше и самиот Бен Каплан, па следствено настапија како предгрупа на неговиот концерт во Софија пред некој месец. Dead Man’s Hat го издаваат своето најново EP ‘Never Gonna Let You Go’ на 11 март, точно 24 часа пред нивниот прв концерт во Скопје“, стои во најавата за настанот.

Влезот за концертите е слободен, со претходно подигнување бесплатни билети преку www.bileti.mkc.mk

#LIVEUROPE e првата Паневропска иницијатива која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти, а МКЦ лани стана дел од ова европско семејство. LIVEUROPE е мрежа која е ко-финансирана од програмата на Креативна Европа.