Коалиција МАРГИНИ спроведува истражување за институционално насилство над ЛГБТИ лица

Сите што се соочиле со каков било вид на насилство или насилно однесување, како навреди, коментари на сексуалната или родовата различност, одбивање на здравствени и социјални услуги, булинг во образование, обиди за „лекување“ на хомосексуалност/трансродовост (конверзиона терапија), навреди и говор на омраза онлајн, до посериозни случаи на насилство (физичко и сексуално) кое сте го пријавиле во полиција, или при контактот со полиција сте биле навредувани или омаловажувани, може да ги контактираат Коалиција МАРГИНИ за да го раскажат своето искуство.

„Учеството во интервјуто е доверливо, а личните податоци нема да бидат земени предвид“, велат од МАРГИНИ.

Интервјуата ќе се спроведуваат од лица од ЛГБТИ заедницата.

Заинтересираните лица можат да ги контактираат на dragana.coalition@gmail.com или 078200675 (на Вибер или телефон), најдоцна до 20 јуни.

„Вашите искуства на насилство можете да ги документирате и на овој линк. Документирањето е доверливо, а доколку сакате може да биде и анонимно (да одберете опција во прашалникот каде случајот го документирате под измислено име). За учество во интервјуто имаме предвидено мал хонорар“, соопштуваат од МАРГИНИ.

Истражувањето се спроведува во рамки на проектот „Документирање на институционално насилство кон ЛГБТИ луѓе и застапување за унапредување на законската рамка“, со финансиска поддршка на ИЛГА Европа.