Книга за Хари Потер купена за 20 денари продадена на аукција за 10.500 фунти

Ретко прво издание од книга за Хари Потер, која била купена за само 30 пени (20 денари) е продадена на аукција за 10.500 фунти.

Се работи за издание од книгата „Хари Потер и Каменот на мудроста“ кое било лимитирано на 500 примероци. Книгата била купена од колекционер од Стафордшајр, кој починал оваа година.

Победничката понуда била направена преку интернет од купувач од Лос Анџелес, соопштија од аукциската куќа „Ричард Винтертон“.

Книгата, објавена во 1997 година, била една од 300-те примероци испратени во библиотеките и била откупена од Библиотеката во Вулверхемптон од човек кој живеел во Брнтвуд. Неговото семејство вели дека знаеле дека тој ја имал откупено вредната книга за Хари Потер, но мислеле дека била загубена.

„Кога се пресели пред четири години, сите негови книги завршија во стотици кутии. Знаевме дека ја има книгата, но доколку го прашавте да ви ја посочи, немаше да знае каде му се наоѓа“, изјавила неговата сестра која сакала да остане анонимна.

Таа додава дека нејзиниот брат имал пасија за книги целиот живот.

Сопственикот починал ненадејно на возраст од 55 години, а книгата подоцна била пронајдена од тим од аукциската куќа „Ричард Винтертон“ кога направиле проверка на неговиот имот.