Ќе се реконструира студентскиот дом „Стив Наумов“

Владата, на последната владина седница го задолжи Министерството за образование да направи реконструкција на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје.

„На седницата, Владата го задолжи Министерството за образование и наука да спроведе постапка за реконструкција на Студентскиот дом во студентската населба „Стив Наумов“ во Скопје, во најкраток можен рок имајќи ја предвид прифатената информација за настанатата ситуација во поглед на одредени недоследности и неправилности утврдени во зградата 1 во студентската населба „Стив Наумов“ во Скопје, при извршен инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат“, стои во одлуката.

Дел од студентскиот дом беше реконструиран пред неколку години, во неколку наврати се случи на студентите да им прокисне кровот, па дури и да им падне плафонот над глава.

Ткн. трета, женска зграда пак не е реновирана никогаш, а студентите сместени во неа живеат во супстандардни услови.