[Галерија] Во „женската“ зграда на „Стив Наумов“

Вака изгледа ткн. „женска“ зграда која е дел од комплексот згради во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје. До редакцијата на Радио МОФ пристигнаа фотографии за првата од вкупно три ламели во зградата.

„Порано оваа зграда беше полна, но годинава целата трета ламела е затворена, а во останатите (вообичаено трикреветни соби) живеат само по двајца, неретко и само еден студент. Во тоалетите како што се забележува на сликите и покрај тоа што се чистат од понеделник до петок, поради тоа што се стари, е невозможно да се отстрани целиот насобран бигор и сѐ останато. На овој спрат, каде што се направени сликите од 4 предвидени туш кабини (со „каубојски“ врати) работи само една (само во неа има туш) и служи за цел спрат. Исто, во тоалетите на само еден може да се затвори вратата целосно. Сѐ останато го кажуваат сликите…“, вели студентка за Радио МОФ.

Но, и во реновираните две „машки“ згради не е поразлично. Минатата недела се сруши плафон од тоалет, предизвикувајќи штета во две соби.

Државен студентски дом: Екипи работат на поправка на срушениот плафон