Кинеските хирурзи оперираат од далечина со помош на 5Г технологијата

Со помош на 5Г  технологијата за роботска хирургија, кинески хирург успешно отстрани воспалено жолчно кесе од пациентка која живее илјадници километри подалеку во северозападна Кина. Високо ефективната операција на далечина беше завршена за само 30 минути на 16 февруари.

Лианг Сиао ја спроведе процедурата со помош на роботска конзола во Хангжу, главен град на источната кинеска провинција Жеџијанг. Во исто време, пациентот бил во болница во градот Алаер во автономниот регион Ксинџијанг Ујгур, на речиси 5.000 километри оддалеченост од локацијата на хирургот.

„Кога дадов инструкции од оперативната платформа, роботот за ендоскопија со четири раце во болницата Алаер одговори синхронизирано“, рече Лианг.

Операцијата помина без проблеми, со незначително заостанување помеѓу хирургот и апаратот, додаде тој.

Оваа операција не само што го реши проблемот што со денови го мачеше пациентот, туку покажа и како оваа молскавична брза безжична технологија може да им обезбеди на пациентите во оддалечените региони на Кина поголем пристап до висококвалитетни медицински услуги.

Пациентите од оддалечените области кои страдаат од критични болести често се соочуваат со значителни предизвици и временски ограничувања кога станува збор за патување во поголемите градови за лекување. Поради ова, локалните болници обично бараа помош од истакнати лекари од водечки медицински центри за да вршат операции и да ги задоволат потребите на своите пациенти.