Кина забранува приватни часови од наставници

Кинеското министерство за образование соопшти дека започнало кампања за запирање на платеното туторство што се одвива вон наставата, кое го вршат наставници од државните основни и средни училиште, пренесува Ројтерс.

Кина минатата недела издаде правила со кои се забранува профитно предавање, во обид да се зголеми наталитетот со намалување на семејните трошоци. Ваквата политика, исто така, ги ограничува странските инвестиции во секторот.

Министерството во соопштението на својата веб-страница вели дека исто така ќе се справи со наставниците кои илегално примаат мито и ќе покаже „нула толеранција“ кон наставниците кои „предаваат само по часови, но не и за време на часовите“.

Новите правила се закануваат со десеткување на кинеската приватна туторска индустрија во износ од 120 милијарди долари и предизвикаа голема продажба на акциите на туторските компании со кои се тргува во Хонг Конг и Њујорк, вклучувајќи ги групацијата „New Oriental Education & Technology Group“ и „Koolearn Technology Holding Ltd“.

„China International Capital Corp“ рече дека правилата се „построги од очекувањата на пазарот и очекуваат материјално влијание врз идните деловни активности и активности на пазарот на капитал“.

Според новите правила, сите институции што нудат настава по училишна програма ќе бидат регистрирани како непрофитни организации и нема да се доделуваат нови лиценци.

Најновите податоци на Кинеското друштво за образование покажуваат дека повеќе од 75% од учениците на возраст од 6 до 18 години во Кина присуствувале на часови по туторство вон наставата во 2016 година, а според личните ставови на испитаниците овие бројки се зголемени.

Според кинеските медиуми, притисокот децата да успеат во поконкурентно општество го  создава терминот „Jiwa“, или „пилешко бебе“, кој се однесува на деца пумпани со воннаставни часови.