Кавадарци со вештачки дожд против загадувањето, „Еко аларм“ вели се прска врз мерни станици

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, виекендов за првпат го тестираше новиот апарат, кој создава вештачки дожд – како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот. Но, локалното еколошко здружение „Еко аларм“ забележа „агресивно прскање со вода“ околу мерните станици така што вештачки се намалила и загаденоста.

Стоп За Аеросолизацијата

Ви презентираме видео материјал кој е снимен околу 20:30 часот, во текот на синоќешната вечер (09.12.2018).Во периодот од 20:30 до 20:55, се вршеше агресивно прскање со вода околу мерната станица која се наоѓа кај новиот кружен тек, од страна на градинката. Само во овој период од 25 минути, противпожарното возило го сврте кружниот тек 4 пати, додека тракторот 3 пати.На видеото јасно се гледаат две паркирани коли со вклучени светла за сигнализација, тоа се луѓето кои го водат градот и го следат процесот на прскање на оваа ЗА НИВ КРИТИЧНА И ВАЖНА ЛОКАЦИЈА, притоа давајќи инструкции за тоа како да се врши аеросолизација.Со ова, вештачки се предизвика мерната станица да покаже дека загадувањето со ПМ честички од 297, според мерењето во 18 часот, паднало под 50 микрограми на метар кубен според мерењето во 21:00. МОЖЕБИ ПОДОБРО Е ВООПШТО ДА ЈА НЕМА МЕРНАТА СТАНИЦА ЗА КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ? Овака не се лаже и манипулира народот ни во СЕВЕРНА КОРЕЈА! ОД СТРАНА НА ОПШТИНАТА БАРАМЕ ВЕДНАШ ДА СЕ ПРЕКИНЕ ОВАА ГЛУПОСТ НАРЕЧЕНА АЕРОСОЛИЗАЦИЈА!До кога ќе не лажете? МојВоздух – MojVozduh #ЛудоОпштество #СтопЗаПопулизмот

Posted by Еко Аларм Кавадарци on Monday, 10 December 2018

„Само во овој период од 25 минути, противпожарното возило го сврте кружниот тек 4 пати, додека тракторот 3 пати.
На видеото јасно се гледаат две паркирани коли со вклучени светла за сигнализација, тоа се луѓето кои го водат градот и го следат процесот на прскање на оваа, за нив критична и важна локација, притоа давајќи инструкции за тоа како да се врши аеросолизација.
Со ова, вештачки се предизвика мерната станица да покаже дека загадувањето со ПМ честички од 297, според мерењето во 18 часот, паднало под 50 микрограми на метар кубен според мерењето во 21:00. Можеби подобро воопшто да ја нема мерната станица за квалитет на воздухот? Вака не се лаже и манипулира народот ни во Северна Кореја“, стои во реакцијата на „Еко аларм“.

Овој метод на аеросолизација за првпат се применува во Општина Кавадарци, а апаратот чини околу 2500 евра. Функционира така пто се прска вода под висок притисок, како прав, со атомизер на 20 бари и висина до десет метри. При тоа, се создава прашина од вода, која со неа ги спушта ПМ честичките.

Со својата реакција се јави и О2 Коалицијата од каде велат дека вака намаленото загадување е срамно.

„На ваков начин и Скопје може да е чисто, да се прска по 50 пати околу тоа што остана да мери зимава, додека градот тоне во чад и се гушиме. Важно мерните станици џам“, се вели во нивната објава.

Кавадарци и годинава е еден од најзагадените градови во државата, покрај Скопје, Тетово, Битола и Кичево.