Како да се направи евтина куќичка за уличните животни

Ниските температури, особено во вечерните зимски часови, го прават уште потежок животот на уличните животни. Но, секој со малку напор и ресурси може да помогне така што ќе направи привремено засолниште, пишува веб-порталот constructor.mk.

Овие куќички се лесно преносливи, евтини за да се направат и ќе ги сочуваат уличните животни од смрзнување.

 Што е потребно од материјали и алатки?

Да се ​​направи привремен дом за кучиња не треба многу време или ресурси. Се што ви треба е:

-картонска кутија со средна големина

-1 табла од стиропор со дебелина 4 cm

-2 табли стиропор со дебелина 2 см

-1 метар најлон фолија со ширина од 4м

-широк селотејп

Целата ваква привремена куќа за кучиња чини околку само 200 денари! Подгответе ножици, скалпер и хефталица.

Конструкцијата на ваква привремена куќичка изгледа вака:

1. Од потесната страна на кутијата со скалпел направете влез за кучето.

2. Потоа внатре во кутијата ставете ја подебелата табла стиропор .

3. Од страните на кутијата залепете го послабиот стиропор, што ќе служи како изолација од ладното.

4. За крај обложете ја кутијата со најлонот, за да не пропушта вода.

Новата куќичка е подготвена. Евтино, лесно, брзо и едноставно.

Поставете ја во околината каде што знаете дека има улични кучиња, и гледајте да биде засолнета под некое дрво или ѕид.

Се препорачува внатре да оставете малку храна за да го примамете животното да влезе.