Јутуб ги сузбива блокаторите на реклами на светско ниво

Јутуб ја сузбива употребата на блокатори на реклами на светско ниво, со прикажување предупредувања за кршење на условите за користење на платформата, јавува ТекКранч.

Во некои случаи, компанијата ги спречува корисниците да гледаат повеќе видеа, освен ако не ги оневозможат блокаторите.

Платформата за видео-стриминг започна да експериментира во јуни, покажувајќи предупредувачки пораки на корисниците дека видео плеерот ќе биде блокиран по три видеа, доколку блокаторот на реклами не е оневозможен.

Компанијата за Верџ потврди дека Јутуб сега на светско ниво започнала со оваа практика, барајќи од корисниците или да купат преплата на Јутуб премиум или да дозволат реклами.