„Јутјубер“ е вистински збор, одлучи Оксфордскиот речник на англиски јазик

Оксфордскиот речник на англискиот јазик го призна зборот „јутјубер“ како легитимен, заедно со уште петстотина зборови, како Брегзит или хакатон.

Речникот го дефинира терминот како „чест корисник на веб страницата за споделување видеа Јутјуб, особено некој кој произведува видеа или се појавува во нив“.

Зборот датира од 2006 година, а потекнува од „иметона веб страницата за споделување видеа“.

Оксфордскиот речник, кој за збор на 2016 година го прогласи „пост-вистина“, додаде уште голем број други зборови, од кои многу се имиња на нови технологии или поврзани со социјални мрежи.