Јавното обвинителство со посебен мејл за пријавување изборни нерегуларности

Секоја изборна нерегуларност да се пријави на izbori@jorm.gov.mk, порача денеска привремената комисија за следење евентуални изборни нерегуларности, формирана во рамките на македонското Јавно обвинителство, по консултативната средба со граѓански организации кои го следат изборниот процес.

Целта на средбата била организациите директно да се запознаат со начинот на работа на привремената комисија, како и да се приберат нивните првични согледувања за текот на изборниот процес.

Претседателот на комисијата, јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, уште еднаш упати апел до граѓанските организации кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да достават поднесок/пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности и тоа на електронската адреса за таа намена – izbori@jorm.gov.mk.