Јапонија ги укинува пејџерите

Јапонија ја укинува и услугатa за пејџери, неколку децении откако ваквата технологија е исфрлена од употреба поради развојот на мобилната телефонија. Како што соопштија од компанијата „Tokio Telemessage“, ќе ги укинат понудите за пејџери во септември 2019 година поради намалена побарувачка.

Оттаму соопштија дека имаат под 1.500 корисници, иако уредите не се произведуваат веќе две децении. Пејџерите беа најпопуларни во деведесеттите години, а најмногу претплатници компанијата имала во 1996 година, околу 1,2 милион.

Пејџерите се личен радио уред кој се користи за примање на пораки испратени преку оператор. Кога пејџерот ќе прими порака, сопственикот обично треба да пронајде телефон за да врати на пораката. Не е јасно кој уште ги користи пејџерите, но „Јапонија тајмс” пишува дека пејџерите се популарни кај луѓето кои работат во болниците, бидејќи тие не испуштаат електромагнетни бранови.

Неподготвеност да се оддели од старата технологија, исто така, може да се должи на стареењето на Јапонија. Земјата се смета за “супер-стар” нација, каде повеќе од 20% од населението е над 65 години.