Jaкупица на куп – блиска средба со дивината во Природонаучниот музеј

Истражувачкото друштво на студенти биолози денеска ќе ги презентира резултатите од овогодинешната голема истражувачка акција „Чеплес 2017“, а присутните ќе бидат во можност да видат дел од биолошкиот колекциониран материјал и теренската опрема што се користи.

Тие ги повикуваат граѓаните на саботно попладневно дружење во Природонаучниот музеј од 18 часот, со цел од блиску да се запознаат со природните убавини кои ги има во земјата.

Во текот на цела година ИДСБ работи на проектот „Организирање на летен камп за билошка разновидност и поддршка за развивање на Smartphone апликација за биолошка разновидност“ со поддршка на Германското друштво за меѓунардона соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit – GIZ).