Јајцето со најмногу Инстаграм „лајкови“ е всушност кампања за ментално здравје

Сликата на јајце, која ги собори рекордот според бројот на „лајкови“ на Инстаграм, е дел од кампања за подигање на свеста за менталното здравје.

Во нова објава на платформата, јајцето наречено Јуџин почнува да пука по притисокот од големото внимание кое го добило. Пораката покрај краткото видео ги советува луѓето да побараат помош доколку се почувствуваат на сличен начин.

Сликата од јајцето објавена во јануари собра повеќе од 52 милиони „лајкови“. Кога за прв пат се појави на Инстаграм јавноста мислеше дека единствената цел зад сликата е рушење на рекордот за „најлајкана“ слика која во тие моменти го држеше Кајли Џенер.

Оттогаш на профилот @world_record_egg се појавија вкупно шест слики од јајцето, со различна големина на пукнатините.

Пораката на последната слика гласи: „Ух! Се чувствувам многу подобро сега. Ако и вие чувствувате притисок, посетете ја talkingegg.info за да дознаете повеќе. Ајде да ја изградиме оваа листа заедно“. Линкот води кон интернет-страница која прикажува листа на држави и организации за ментално здравје достапни на луѓето во секоја од земјите.