Извидниците од „Галеб“ преку видео пораки прославија 65 години постоење на одредот

Извидничко-поречанскиот одред „Галеб” од Скопје годинава слави 65 години од своето постоење. Оттаму велат дека извидничката организација и нејзините одреди се едни од малкуте кои успеале да опстојат низ децениите, надминувајќи ги сите предизвици и промени со кои се соочиле.

„За време на своето постоење Извидничко-поречанскиот одред „Галеб” напредуваше заедно со општеството, но секогаш во фокусот му остана неговата мисија, извидниците да создадат подобар свет”, изјави Ана Костовска, началник на одредот.

„Ќе продолжиме да работиме посветено и во иднина, како би им овозможиле на што е можно повеќе млади луѓе да се развијат себеси и да се стекнат со потребните животни вештини”, додаде Јане Илијески, претседател на одредот.

Нив овој одред поминале илјадници членови кои и денеска се активни чинители во своите заедници и успешни професионалци.

Дел од нив направија и видео во кое  ја раскажуваат приказната за одредот и истакнуваат на кој начин тој позитивно придонел во нивниот живот. Во продолжение, погледнете што велат: