Изведба на балетот „Дон Кихот“ во Националната опера и балет

Балетот „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус ќе биде изведен на 6 декември 2019 година на големата сцена на Националната опера и балет. Кореограф на оваа украинско-македонска копродукција е Виктор Јаременко, уметничкиот директор на еден од трите најпознати балетски ансамбли во светот – Балетот во Киев. Сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева. Оркестарот ќе го води диригентката Бисера Чадловска.

„Дон Кихот“ е волшебна приказна за ветерници, „совршената“ жена и вистинската љубов Балетското дело е поставено на музиката на Минкус со експресивно темпо кое резултира со познатиот Don Q pass de deux, кој дава акцент на целата претстава.

Во главните улоги настапуваат Марија Кичевска Шокаровска во улога на Китри, додека во улога на Базил е Васил Чичијашвили (Грузија).

Балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Учествуваат и деца од балетскиот оддел на нижо и средно балетско образование при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“

Чешкиот композитор и виолинист Лудвиг Минкус (1826-1917) напишал неколку популарни балети, а речиси сите од нив, а особено балетот „Дон Кихот“ и денес се изведувани низ целиот свет. „Дон Кихот“ е балет во три чина базиран на познатиот истоимен роман од Мигел де Сервантес.