Изложба на дигиталната уметност на Кервин Кендел Вилиамсон

Изложбата на дигитална уметност „Сѐ што доживуваме“/”All That We Perceive” ќе се одржи во петок на 8 јуни, во Концепт 37, од 20.30ч. Изложбата ќе промовира дигитални композиции кои се темелат или се инспирирани од уличната уметност во Њујорк. Автор на делата е Кервин Кендел Вилиамсон – визуелен уметник од Њујорк кој со оваа изложба се претставува по седми пат пред македонската публика.

Изложбата ќе промовира дигитални композиции кои се темелат или се инспирирани од уличната уметност во Њујорк. Делата ќе се соочат со моменталните перцепции на нашата урбана средина, презентирајќи ги алтернативните реалности коишто постојат само затоа што ние така сакаме.

„Задлабочувајќи се во текот на свеста, деталите стануваат визуелно и ментално соодветни, тие се извадени од контекст и преработени во дигитална форма, водени од потсвесни привиденија на сето она што го доживуваме. Улиците на Њујорк и Скопје стануваат шаблон за креативни варијации, а и самите ние проектирани во него како дух во школка. На несакани и вообичаени аспекти им се дава нов живот…кој сега се вчитува. Оска на светлина низ тесна уличка, дел од графити нашкрабани на стаклени панели, менување на разни сцени со пешаци, делчиња од стара врата користена од стотици улични уметници (искината, уништена и вандализирана од други). Добиените композитни слики стануваат симболична врска помеѓу творецот и огромното море на податоци и можности.

Преку визуелни замисли од насобраните податоци, пред и по интернетот, ни сеосветлува чувството кое го имаме за целта или недостигот од неа. Ние сепак може да ги поврземе непредвидливите аспекти на урбаното живеење кои се чинат случајни, иако се извонредни“, се вели во најавата за изложбата.