Изложба скулптури на Наим Исен вечерва во КИЦ

Во Изложбениот салон „Империјал 2“ при Културно-информативниот центар во Скопје, вечерва ќе биде отворена изложбата на слулптури од Наим Исени што ќе трае до 17 април.

Исени е роден 1966 година во село Ваксинце, Куманово. Дипломирал на Факултетот за Уметности, отсек – скулптура во Приштина во 1992 гододина во класата на проф. Агим Чавдарбаша. Магистрирал на истиот факултет во 2002 година во класот на проф. Агим Руди на тема: Форми и простори во современата скулптура.

Досега одржал самостојни изложби во Домот на културата во Куманово во 1992 и во 2002 година, како и во Арт клуб Алтер НАТИВ во Скопје и Албанолошкиот институт во Приштина во 2002 година. Од 1989 до 2018 година учествувал и на повеќе групни изложби во Македонија, Косово, Албанија, Канада и Италија.

Од 2005 година е член на Асоцијацијата на скулптори на Британска Колумбија” во Ванкувер, а добитник е и на повеќе награди за скулптура.