Изложба на Кирчо Арсовски во МКЦ

Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје вечер ќе биде отворена втората самостојна изложба на цртежи на Кирчо Арсовски, фронтменот на Т.Б. Трачери.

На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 300 цртежи на Арсовски.

„Сите работи настанаа како последица од гледање филмови на Дизни и Пет Саливен, од зјапање во кориците на старите палп романи, сликите на поп-артистите, старите стрипови од Забавник, како и од неизбежните идиотски претстави што ни ги лансираат медиумите“, вели Арсовски.

Кирчо Арсовски e гитарист, вокалист и главен автор на текстовите и песните на групата Т.Б. – бенд кој свири мешавина на панк, гаражен рок и рокабили.