Изложба на фотографии од „Урбани уметнички акции“ во монтажната галерија

Во монтажната галерија во Паркот на Франкофонијата утре (21 декември) од 20 часот е најавена изложба на активистите од „Урбани уметнички акции“, кои повикуваат на „греано вино, вруќа ракија и домашни колбаси“.

„Изложбата се состои од повеќе од 40 фотографии од урбаните акции работени изминативе 3 години со посебен акцент на најпрепознаените акции спроведени во текот на 2017-та година“, се вели во најавата за настанот.

Идејата на проектот „Урбани уметнички акции“ е да ги открива, реагира, комуницира па дури во некои случаи делумно да ги решава локалните проблеми со кои граѓаните се соочуваат преку заеднички организирани акции на уметниците, архитектите (особено проблемите од сверата на урбанизмот и инфраструктурата) активистите, невладиниот седктор и граѓаните кои се соочени со проблемот.

Охридска пастрмка среде Скопје – како аларм дека исчезнува

„Проектот е базиран на партиципативните модели на решавање на урбаните (комунални) проблеми преку спроведување најразлични креативни акции, кои покрај директните пораки за решавање на детектираните проблеми ќе овозможат и едукација и поврзување на граѓаните со уметниците/архитектите и граѓанските активисти и нивен заеднички настап за решавање на други нови проблеми“, велат од „Урбани уметнички акции“.

[Видео] Герила-акција: Кабини за дишење во Скопје

Едновремено проектот користи уметнички пристапи и уметничка реализација и продукција за позитивно да влијае на урбаниот пејзаж вообличувајќи го и давајќи му додадена вредност со нови и иновативни естетски решенија.

[Видео] Писарев: „Ајкулите“ од 70.000 фунти ни ги фрлија во ѓубре

Проектот е поддржан од:програмата за акциски грантови на Цивика Мобилитас, Европска културна фондација и Фондација Отворено Општество Македонија.